Надлежната комисија на ФФМ, ја одби жалбата која ја поднесе Академија Пандев во која Струмичани побараа службен триумф и три бода на нивното конто на табелата, како санкија за Шкендија.
Академија Пандев во својата жалба како причина го посочи неиграњето на младинец во тимот на Шкендија во одреден дел од првото полувреме, кога во 21. минута беше исклучен Енис Фазлагиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шкендија во игра пушти младинец во 36. минута, кога на теренот влезе Шефити, а комисијата на ФФМ посочи дека запазени се сите моменти од правилникот.
„Комисијата за натпреварување во конкретниот случај ги ценеше и другите оконости кои влијаеле на последиците од постапките на пријавената екипа, но од писмените докази се утврди дека се работи за исклучување на играч заради добиен црвен картон од страна на судијата на натпреварот, добиената санкција – црвен картон има суспензивно дејство и екипата чиј играч се исклучува останува со играч помалку“, се вели во образложението од ФФМ.