Во Шангај, изминативе десетина дена беше создадена една од најубавите тениски приказни на оваа деценија. Валентин Вашеро, млад човек кој го започна турнирот како 204. тенисер на светот, го заокружи со победа и титула. Вашеро стана најнискоранираниот освојувач на мастерс титула во историјата, и тоа откако пристигна во Шангај со мала надеж дека воопшто ќе добие можност да се натпреварува …