Крилото на Борусија Дортмунд, Џејми Бајноу-Гитенс не сака да слуша понуди од други клубови и единствена негова желба е да се пресели во Челзи, објавува трансфер експертот Фабрицио Романо. Двата клуба активно преговараа пред почетокот на Светското клубско првенство, но не успеаја да постигнат договор. Според трансфер експертот Фабрицио Романо „сините“ понудија 50 милиони евра, но таа понуда беше одбиена. …