Дома Фудбал Ѕвездата на Борусија Дортмунд сака само во Челзи

Ѕвездата на Борусија Дортмунд сака само во Челзи

Крилото на Борусија Дортмунд, Џејми Бајноу-Гитенс не сака да слуша понуди од други клубови и единствена негова желба е да се пресели во Челзи, објавува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Двата клуба активно преговараа пред почетокот на Светското клубско првенство, но не успеаја да постигнат договор. Според трансфер експертот Фабрицио Романо „сините“ понудија 50 милиони евра, но таа понуда беше одбиена.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Разговорите помеѓу двата тима продолжуваат, но не е јасно дали од „Стадион Стемфорд Бриџ“ се подготвени да упатат зголемена понуда.

Самиот Бајноу-Гитенс веќе се договори со Челзи за 7-годишен договор. Тој имаше одлична сезона во Борусија (Дортмунд) со осум голови и 4 асистенции во 32 натпревари во Бундеслигата. Челзи веќе донесе тројца фудбалери пред почетокот на Светското клубско првенство – Лиам Делап, Дарио Есуго и Мамаду Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aматери од Андора приредија сензација во Бања Лука какв што ретко се гледа!

Санта Колома од Андора направи сензација на почетокот на квалификациите за европските купо…