Дома Фудбал Ѓокереш му се нудел на Реал, но пристигнал јасен одговор од Мадрид

Ѓокереш му се нудел на Реал, но пристигнал јасен одговор од Мадрид

Виктор Ѓокереш, напаѓач на португалскиот првак Спортинг Лисабон и репрезентативец на Шведска, е еден од најбараните играчи во летниот преоден рок. Причината е што во две години откако од Ковентри премина во Спортинг, на 102 натпревари постигна 97 и асистираше за 28 голови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Има договор со Спортинг и откупна клаузула од 100 милиони евра, но и усмен договор со раководството на клубот дека може да си оди за околу 70 милиони евра. Ѓокереш го сакаат бројни клубови, а најупорни се Арсенал и Манчестер Јунајтед. Марио Кортегана, новинар на „The Athletic“ и инсајдер на Реал, објави дека шведскиот стрелец е понуден на Реал, но во Мадрид одбиле да го ангажираат.

Реал во нападот го има Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго, Ендрик и Брахим Дијас. За разлика од нив, Гјокерес е крилен напаѓач, класична деветка.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо означи еден фудбалер како недопирлив во Челси

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Челси веќе донесе први јасни чекори во врска со пла…