Реал Мадрид победи со 3:1 против мексиканската Пачука, но натпреварот беше одбележан од досега невидена ситуација. Капитенот на Пачука, Густаво Кабрал, во завршницата на натпреварот направи прекршок над Антонио Рудигер, по што германскиот дефанзивец на Реал извести дека бил цел на расистички навреди. Главниот судија тогаш за првпат со знакови сигнализираше активација на специјалниот протокол на ФИФА против расизмот. Рудигер …