Дома Фудбал Удар за Реал: Белингам ќе отсуствува неколку месеци

Удар за Реал: Белингам ќе отсуствува неколку месеци

Џуд Белингам ќе го пропушти почетокот на следната сезона. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид ќе се подложи на операција на рамото по завршувањето на Светското клупско првенство.

Ова го откри самиот тој по натпреварот на “белите” против Пачука. Англискиот репрезентативец има проблем со рамото над една година и игра со специјална преврска.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


“Сега е подобро, но ми е доста од играње со преврска. Изгубив многу килограми, бидејќи се потам толку многу за време на натпреварите. Ќе направам операција по турнирот. Медицинскиот тим е неверојатен, но едноставно сакам повторно да играм без болка”, изјави Белингам.

Според “Атлетик”, Џуд ќе се рехабилитира најмалку три месеци и ќе остане надвор од терените барем до октомври, ако ја направи операцијата во јули. Тоа значи дека ќе биде надвор од игра барем до октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Венгер против Клоп: Еве што мисли за Светското клупско првентво

Арсен Венгер одговори на изјавата на Јирген Клоп, кој го нарече Светското клупско првенств…