Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е под прашалник за дуелот против Ал-Хилал од Саудиска Арабија на Светското првенство за клубови, откако го пропушти последниот тренинг поради болест. Според шпанските медиуми, Мбапе се разбудил со висока температура. Иако сè уште не е официјално исклучен, се шпекулира дека францускиот напаѓач може да го пропушти натпреварот на стадионот Хард Рок во Мајами. …