
Реал Мадрид и се закани на УЕФА со тужба поради пропуштените придобивки околу нереализираната Суперлига.
„Кралевите“, заедно со Барселона, беа меѓу водечките иницијатори на проектот, но беа сопирани на различни начини – главно од европската и светската фудбалска централа. Сепак, следеше судска пресуда, во која Судот го потврди решението од мај 2024 г., според кое УЕФА и ФИФА злоупотребиле со својата господарска положба.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сега Шпанците бараат финансиска компензација и се подготвени да поднесат тужба доколку нивните барања останат неудовлетворени.
Еве што се вели во соопштението на клубот од „Бернабеу“:
„Реал Мадрид го поздравува решението на Провинцискиот суд во Мадрид да ги отфрли жалбите поднесени од УЕФА, Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига, со кое се потврдува дека УЕФА, во случајот со Суперлигата, сериозно ги прекршила правилата за слободна конкуренција на Европската унија, согласно со одлуката на Судот на ЕУ, злоупотребувајќи ја својата господарска положба.“
Оваа одлука отвора пат за поднесување на барања за значителните штети кои клубот ги претрпел.
Во исто време, Реал Мадрид информира дека во 2025 г. одржале многубројни разговори со УЕФА во потрага по решенија, но не постигнале компромис во однос на потранспарентно управување, финансиска одржливост, заштита на здравјето на фудбалерите и подобрување на фановското доживување, вклучувајќи бесплатни и достапни модели за емитување на глобално ниво, како што беше случајот со Светското клупско првенство на ФИФА.
Како последица на ова, клубот објавува дека ќе продолжи да работи за доброто на светскиот фудбал и на фановите, додека истовремено ќе побара од УЕФА надомест за претрпените значителни штети и загуби.