Дома Фудбал Винисиус жали поради срамниот потег на „Ел Класико“ за кој зборува целиот свет

Винисиус жали поради срамниот потег на „Ел Класико“ за кој зборува целиот свет

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 2:1 во неделата во рамките на десеттото коло на Примера. Фудбалерот на екипата од главниот град на Шпанија, Винисиус Жуниор, им се извини на соиграчите, клубот, претседателот Флорентино Перез и навивачите поради неговото однесување на мечот од 10. коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винисиус бурно реагираше поради замената во 72. минута. Бразилскиот фудбалер не се поздрави со членовите на стручниот штаб и соиграчите на клупата, туку лут замина во соблекувалната, што ја згрозило јавноста.

– Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал поради мојата реакција при замената на Ел Класико. Како што веќе лично се извинив за време на денешниот тренинг, сакам пак да се извинам на моите соиграчи, клубот и претседателот – напиша Винисиус на социјалните мрежи.

– Понекогаш страста ме совладува, секогаш сакам да победувам и да му помогнам на мојот тим. Мојата натпреварувачка природа произлегува од љубовта што ја чувствувам кон овој клуб и сè што тој претставува. Ветувам дека ќе се борам секоја секунда за доброто на Реал, како што тоа го правев од првиот ден – напиша Бразилецот, кој навистина мора да работи на своето однесување…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…