Викендов голот на колото можеби и на сезоната во македонскиот фудбал се постигна во Струга на мечот помеѓу домаќинот и Работнички. Струга Трим Лум успеа да слави победа со 1:0, а голот беше вистинско ремек-дел на Клинсман Цаке. Од слободен удар со „надворешна“ Цаке испрати вистински проектил кој беше неодбранлив за голманот Ристе Јанков.