Александар Влахо повеќе не е тренер на Работнички, оваа информација беше потврдена на клупскиот сајт.
Влахо по разговорот со клупското раководство донел одлука да се повлече после поразот за викендот од Академија Пандев.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„По долго размислување, а со цел да се извлече заедничко добро и за мене и за тимот, донесов одлука да се повлечам од позицијата шеф на стручниот штаб на Работнички. Поминав прекрасни 11 месеци во клубот, чиј пријател и голем навивач ќе останам и во иднија. Сега е време да се посветам на мојот следен проект кој го подготвувам подолг период. Би сакал да се заблагодарам за одличната соработка и за поддршката на раководството на ФК Работнички, сите мои соработници и пред се на фудбалерите. Им посакувам добро здравје и успеси во иднина и искрено се надевам дека Работнички ќе успее да го најде патот за враќање на европската сцена“, изјави Александар Влахо.
Клубот му се заблагодари на соработката.
„Би сакал да му се заблагодарам на Александар Влахо за посветеноста и напорната работа во ФК Работнички. Клубот му посакува се најдобро во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде назначен нов шеф на стручниот штаб“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.
Фото: ФК Работнички