Дома Македонски спорт Мак фудбал Прв бод за Христов на клупата на Работнички, но продолжи голгетерската криза!

Прв бод за Христов на клупата на Работнички, но продолжи голгетерската криза!

Денес со натпреварот помеѓу Работнички и Ренова беше отворено 16. коло во првата македонска фудбалска лига кој на крајот завршио со најнепопуларниот резултат.

Работнички пред овој натпревар беше повеќе од 300 минути без постигнат гол, а новиот тренер Борче Христов забележа два порази на претходните натпревари. Голгетерската криза на Работнички продолжи и денес, меѓутоа ако е за утеха „романтичарите“ освоија барем бод одигрувајќи 0:0 со гостите од Тетово.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Гледавме натпревар со добар фудбал, меѓутоа изостана реализацијата и на двете страни.

Со ова реми Работнички ќе остане на осмата позиција со 19 освоени бодови, Скопје е зад нив со 17. Во случај Скопје утре да приреди изненадување против Шкупи „романтичарите“ ќе паднат во „опасната“ зона. Ренова од друга страна е четврта (26) со бод помалку од Шкендија, а бод повеќе од Брегалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…