Дома Македонски спорт Мак фудбал Алими: Не размислував многу кога добив понуда од Работнички

Алими: Не размислував многу кога добив понуда од Работнички

Арменд Алими, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен член на Шкендија, е првото засилување за Работнички во зимскиот преоден рок. Искусниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и ќе биде големо засилување за тимот на Борче Христов во вториот дел од сезоната.

На Работнички тој треба да му донесе победнички менталитет, шампионски дух и потребното искуство, толку драгоцено за младиот состав на „романтичарите“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија и навистина не размислував премногу кога ја добив оваа понуда. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството  и дека заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот. Ќе се потрудам максимално да им го пренесам моето искуство на помладите фудбалери на Работнички и верувам дека напролет ќе бележиме успеси. Сакам на сите фанови на клубот и на сите останати во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година“, изјави Арменд Алими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…