Дома Фудбал Управата на Јувентус донесе замена за Душан Влаховиќ!

Управата на Јувентус донесе замена за Душан Влаховиќ!

Душан Влаховиќ на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус како слободен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во кој клуб ќе оди сè уште не е сигурно, но управата на „старата дама“ веќе пронајде замена.

Во Торино доаѓа напаѓачот Жан-Филип Матеа, фудбалер на Кристал Палас.

Французот договори четиригодишна соработка со Јувентус, се чека само информацијата колкаво ќе биде обештетувањето. Играчот рече дека сака да оди во Италија, а неговиот договор секако истекува во летото 2027 година па ова е вистинска прилика да се заработи нешто.

Матеа оваа сезона на 33 натпревари постигна 10 голови и додаде две асистенции.

Кариерата ја започна во Шатероу, од каде што заминува во Лион за четири милиони евра. Од Лион се преселува во Германија, соодветно Мајнц за на крај да заврши во Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…