Дома Македонски спорт Мак фудбал Јанков: Имаме квалитет, бодовите ни се потребни

Јанков: Имаме квалитет, бодовите ни се потребни

Работнички во премиерата на 16.коло во Првата фудбалска лига денеска (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ренова. Мотивите се огромни да се стави крај на негативната серија и конечно да се освојат три бода. Тоа го потенцира и голманот Ристе Јанков.

„Имаме квалитет, работевме напорно изминатата недела и се надевам дека пред се ќе ја сочуваме мрежата мирна. Сите сме максимално фокусирани да оствариме позитивен резултат затоа што бодовите ни се навистина потребни. Верувам дека напорната работа и квалитетот конечно ќе дојдат до израз и дека ќе ги освоиме бодовите“, вели чуварот на мрежата на нашиот тим.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Натпреварот меѓу Работнички Ренова ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов. Четврти судија е Никола Иванов од Велес. Делегат на натпреварот е Гоце Маркоски од Охрид, а контролор на судењето ќе биде Марјан Кировски од Скопје.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…