Стефан Лихштајнер следното лето би можел да се врати во Лацио и тоа како слободен играч, пренесуваат италијанските медиуми. Договорот на Лихштајнер со „старата дама“ истекува ова лето, а двете страни не се заинтересирани за продолжување на соработката. За него инетерес покажуваат Олимпик Марсеј и Валенсија, но Швајцарецот приоритет му дава на Лацио, кој сака да го врати на „Олимпико“. …