Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје. Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња како Благоја Георгиевски-Буштур, Драган Радосављевиќ, Драган Васиљевиќ, Бобан Самарџиски, Борче Серафимовски, …