Натпреварот од четвртото коло од домашната машка Супер лига меѓу Вардар1961 и Еурофарм Пелистер е закажан за в недела во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Влезот на натпреварот ќе биде СЛОБОДЕН. Дербито на колото, истовремено е дерби и на првенството. Сезонава Вардар1961 триумфираше против Еурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Струга, а битолчани беа подобри и го освоија Супер купот. Вардар игра со …