Кристиано Роналдо вчеравечер одигра фантастичен натпревар и со хет-трик го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Јувентус имаше негатива од 2:0 од првиот натпревар во Мадрид, но со вчерашната магична вечер на Роналдо „старата дама“ го сврти резултатот во своја корист. Роналдо првиот гол го постигна во првото полувреме, а натпреварот го реши во 86-тата минута кога го …
