Кристиано Роналдо изминатото лето пристигна во Јувентус за со овој клуб да ја освои Лигата на шампионите, а вчера уште еднаш докажа дека е човек за големи натпреварувања.
Јувентус имаше голема препрека пред себе во Лигата на шампионите откако на првиот натпревар во Мадрид изгуби со 2:0, но во реванш Роналдо блесна и донесе комплетен пресврт. Португалецот ги постигна сите три гола во големата победа од 3:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот Роналдо секако беше воодушевен.
„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат“.
„Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Роналдо.
Потоа доби прашање против кој тим би можел да заигра во финалето, неговиот одговор гласеше:
„Навистина сега уште е прерано да се зборува за финалето, да одиме чекор по чекор и да видиме што ќе се случи“, одговори Португалецот.
Ждрепката за четвртфиналето на која Роналдо и Јувентус ќе го дознаат противникот е закажана за во петок во 12:00 часот.