Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес потврди дека отворила дисциплинска постапка против ѕвездата на ПСЖ, Нејмар. Причина за тоа се коментарите на Бразилецот на адреса на видеоасистент судиите од осминафиналниот меч во Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед. Најскапиот фудалер на светот после последниот свиреж на судијата и елиминацијата на неговиот тим преку Инстаграм го искажа својот гнев кон судиите. …