Дома Трансфер зона ПСЖ го сака Кутињо, но тој преферира трансфер во големиот ривал на Ливерпул

ПСЖ го сака Кутињо, но тој преферира трансфер во големиот ривал на Ливерпул

Фелипе Кутињо одлучи да ја напушти Барселона. Бразилецот стигна на Камп Ноу пред околу 14 месеци од Ливерпул за 140 милиони евра, но скоро да не покажа ништо и се почесто се поврзува со трансфер.

ПСЖ е спремен да го донесе во своите редови. Тие ќе се обидат во летниот преоден рок, но 26-годишниот бразилски фудбалер има свои планови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговата желба е преселба на Олд Трафорд. Англискиот Мирор тврди дека Кутињо разговарал со неколку фудбалери на Црвените ѓаволи и е спремен да им се придружи во текот на летото.

Кутињо призна дека му недостасува Премиер лигата, а бидејќи неговиот поранешен клуб не го сака назад, одлучи да се обиде да премине во големиот ривал и на тој начин да направи “предавство.“

Бразилецот настапи на 60 натпревари за каталонскиот великан, а постигна 18 голови, што никако не го задоволува раководството на Барса.

И оваа сезона Кутињо не е прва опција кај Ернесто Валверде. Започна само 15 натпревари, шанса најчесто добива од клупата, а од вкупно 38 одиграни натпревари оваа сезона запиша осум погодоци и пет асистенции.

Од друга страна, доколку Барселона одлучи да го продаде Кутињо на лето, се шпекулира дека може најмногу да заработи 100 милиони евра, односно 40 милиони помалку од тоа што го плати на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…