Дома Фудбал Останато Mбапе после тешкиот пораз од Манчестер Јунајтед се соочил со еден проблем

Mбапе после тешкиот пораз од Манчестер Јунајтед се соочил со еден проблем

mbappe

Пари Сен Жермен во средата доживеа тежок пораз од Манчестер Јунајтед на свој терен (1:3).

Францускиот клуб во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ славеше победа од 0:2 и се очекуваше дека нема да имаат многу проблеми во реваншот кога е пласманот во четвртфиналето во прашање, сепак „ѓаволите“ ги победија со 1:3 и така ги елиминираа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Посебно победата на Манчестер Јунајтед добива на значење ако се знае дека „црвените ѓаволи“ пред оваа средба имаа големи проблеми со повредите и не можеа да сметаат на дури десет играчи.

Неколку дена после елиминацијата во медиумите за овој натпревар зборуваше супер талентираниот Килијан Мбапе.

Мбапе после поразот од Манчестер Јунајтед не можел да заспие, а смета дека тој проблем го имале и неговите соиграчи.

„Бевме шокирани. Не можам со зборови да опишам како се чуствував. Не можев да заспијам, патев од несоница. Мислам дека истиот проблем го имаа и останатите играчи. Напорно работевме да стигнеме до тука, но на крајот ја упропастивме вечерта која требаше да биде забава и бевме крајно разочарани“, изјави Мбапе.

Колку овој пораз на ПСЖ беше шокантен зборува и изјавата на италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

„Тоа беше навистина неверојатно. Доколку јас бев тренер на ПСЖ не знам што би направил во тој момент. Веројатно ќе го најдев најблискиот мост и ќе скокнев откако Манчестер Јунајтед Јунајтед постигна трет гол“, гласеше изјавата на Анчелоти од пред неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …