Најпознатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо потврди дека трансферот на Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг наскоро ќе биде реализиран. Елмас го напушта Наполи и ќе ја продолжи кариерата во Германија во дресот на Лајпциг. Романо потврди дека договор помеѓу клубовите е постигнат, а и Елмас ги договорил личните услови. Наполи како оштета ќе добие сума од 25 милиони евра. …