Eлиф Елмас како што стојат работите кариерата ја продолжува во Германија.
Наполи и Лајпциг се во завршни преговори и поголемиот дел од работата е веќе договорена, а се очекува се да биде официјално на 1-ви јануари кога започнува преодниот рок во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Елмас со Лајцпиг ќе потпише договор до 2028 година, додека Лајпциг ќе му исплати сума од 25 милион иевра. Наполи ќе потсетиме го купи за 19 од Фенербахче во 2019 година.
Во изминатите 4.5 години Елмас собра 185 настапи за Наполи и постигна 19 гола, а минатата сезона и го освои Скудетото.
Инаку со оваа сума Елмас ќе го подобри рекордот кој го држеше и претходно како најскап македонски фудбалер.