Дома Актуелно Крај на сагата помеѓу Осимен и Наполи!

Крај на сагата помеѓу Осимен и Наполи!

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ќе го продолжи договорот со шампионот на Италија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според информациите на медиумите на Апенините и познатиот експерт за трансфер пазарот, Фабрицио Романо, Нигериецот ќе ја продложи верноста до 2026 година.

Но, во договорот на Осимен би била додадена клазула дека може да го напушти клубот и во 2024 година во случај на добра понуда. Засега не е позната неговата плата, но извесно е дека ќе биде еден од најплатените во историјката на Наполи.

Очигледно по онаа објава на социјалните мрежи од клупските профили кога изгледаше како Наполи да го исмејува Осимен, сега односот помеѓу двете страни е во најдобар ред.

Сезонава Осимен на 15 натпревари во сите натпреварувања постигна седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…