Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Интер на тест кај Елмас во Неапол

Дерби на денот: Интер на тест кај Елмас во Неапол

Денес во Серија А се игра дербито помеѓу Наполи и Интер. Првиот фаворит за Скудетото му гостува на актуелниот шампион со цел да му ја земе круната, па овој натпревар сигирно ќе биде клучен за понатамошниот дел на сезоната.

Наполи со победа се враќа во игра

Наполи лошо ја отвори сезоната и веќе после првите неколку кола заостануваше зад лидерот. Актуелниот шампион не ги оправда очекувањата оваа сезона и моментално заостанува девет бода зад лидерот. Поради тоа дојде до тренерска смена, па на клупата пристигна Мацари. Тоа му даде позитивна енергија на тимот, па минатото коло оствари важна победа на гостувањето кај Аталанта. Ова е за Наполи можеби најважниот натпревар оваа сезона, бидејќи на гости им доаѓа првиот фаворит за Скудетото. Со победа на ова дерби Наполи целосно ќе се врати во игра за титулата, па сигурно ќе даде се од себе за да ги освои трите бода. Домашниот терен и навивачите сигурно ќе дадат голем ветер во грб.

Најважен тест за Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер направи многу промени во тимот ова лето, но на одличен начин ја отвори сезоната со пет победи во првите пет кола. „Нероаѕурите“ доведоа адекватни засилувања и покажаа дека и оваа сезона ќе бидат едни од главните фаворити за победа. Меѓутоа, тимот на Инзаги потоа направи два кикса, па го испушти лидерското место. Секако дека главната цел на „нероаѕурите“ оваа сезона ќе биде Скудетото, но тимот игра одлично и во ЛШ. Што се однесува до нападот тука имаше најголеми промени и се чини дека нападот оваа година е послаб и во главно работите зависат од Лаутаро, но Турам исто така одлично се вклопи во тимот. Интер игра одлично оваа сезона во дерби натпреварите и победи на сите дерби мечеви, а минатото коло одигра реми на гостивањето кај Јувентус. Со победа на овој меч Интер ќе ја потврди фаворитската улога за титулата.

Очекување

Натпреварите помеѓу Наполи и Интер се секогаш непредвидливи, но секогаш изобилуваат со голови, па очекуваме дека така ќе биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…