Младиот хрватски дефанзивец и член на хрватската репрезентација на Мундијалот, Дује Чалета Цар кариерата ќе ја продолжи во Марсеј, потврди денес францускиот клуб. Марсеј за 21-годишниот стопер на Салзбург му плати 17 милиони евра, што е рекорден износ за играч од австриското првенство. Хрватскиот репрезентативец кариерата ја започна во Шибеник, а во 2013 година се пресели во австрискиот второлигаш Пашинг. …