Баерн Минхен покажува сериозен интрес за ѕвездата на Марсеј и француски репрезентативец, Флориан Туавин.
25-годишниот Туавин позади себе има фантастична сезона и заработи повик од селекторот Дешамп за Светското првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германскиот шампион веќе подолго време го следи крилниот фудбалер и сака да го донесе во Минхен. Германските медиуми пренесуваат дека Баварците спремаат понуда која во наредните денови ќе биде испратена до Марсеј.
Туавин оваа сезона во 53 одиграни натпревари постигна 26 гола и запиша 18 асистенции, па го привлеме вниманието на многу европски гиганти.
Сепак, Баварците се спремни да ја победат конкуренцијата бидејќи во него гледаат идеален наследник на Франк Рибери.