Дома Фудбал ФИФА одлучи: Германци ќе ни судат во мундијалската битка во Копенхаген!

ФИФА одлучи: Германци ќе ни судат во мундијалската битка во Копенхаген!

Европската фудбалска Асоцијација ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу Данска и Македонија кој ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.

За видео асистенција (ВАР) задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ја активираше првата летна „бомба“ од 60 милиони евра!

Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на левиот бек Марк Кукуреља од Челзи, објави …