Марсеј и Атлетико во Лион го играат финалето во Лигата на Европа, а во овој момент „јорганџиите“ имаат предност од 0:1 (погодок на Гризман можете да го погледнете тука).
Французите добро го отворија натпреварот создаваа повеќе шанси, но потоа следуваше големата грешка на Замба Ангуисе која ја казни Антоан Гризман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа како да беше само почеток за проблемите на Марсеј. Најдобриот играч на овој тим и капитенот Димитри Паје мораше да го напушти финалето во 32 минута од натпреварот.
Hasta acá duelen las lágrimas de Dimitri Payet, por salir lesionado en la final de la @EuropaLeague ? pic.twitter.com/opPdYm9o0N
— Gabriel Guzmán (@GuzmanGasque) May 16, 2018
Паје се повреди пред неколку дена, но силно сакаше да игра во финалето. Се најде во првиот состав, но едноставно не можеше и после половина час во солзи го напушти теренот.
Својот сонародник по излегувањето се обидуваше да го утеши и стрелецот на голот Гризман.