Италијанскиот гигант Интер покажува сериозен интерес за Филипе Кутињо, пренесуваат медиумите на Апенините. 27-годишниот Бразилец оваа сезона игра во Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но Баварците нема да ја искористат опцијата за негов откуп за 120 милиони евра, па Кутињо ќе се врати во Барселона. Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го врати Кутињо на „Џузепе Меаца“. …