Дома Трансфер зона Со новиот тренер на Барселона се менува ситуацијата на Кутињо?

Со новиот тренер на Барселона се менува ситуацијата на Кутињо?

Фелипе Кутињо пред почетокот на оваа сезона ја напушти Барселона и премина на позајмица во Баерн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кутињо во клубот од Минхен игра на позајмица до крајот на сезоната, а Баерн ќе има прилика да го откупи неговиот договор. Бразилецот во Барселона пристигна пред две години како големо засилување од Ливерпул, но не ги оправда очекувањата.

Неколку пати откако ја напушти Барселона Кутињо истакнуваше дека нема желба да се врати во Барселона бидејќи во Каталонија не бил премногу среќен. Меѓутоа шпанските медиуми пренесуваат дека многу лесно може да се случи Кутињо да го гледаме во дресот на Барселона наредната сзона.

Имено, новиот тренер на Барселона Кике Сетиен е голем фан на играта на Кутињо. Според информациите тој има голема желба да го има Кутињо на располагање.

Ако Баерн сака да го откупи договорот на Кутињо треба да плати 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…