Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо промашување, па ова лето беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Баварците за позајмицата на Бразилецот платија 20 милиони евра и имаат можност да го откупат за додатни 120 милиони евра, но тоа најверојатно нема да се случи.
27-годишниот Кутињо на лето ќе се врати во Барселона, но јасно е дека за него повеќе нема место на „Камп Ноу“, па каталонскиот клуб е спремен да ја намали цената.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона е спремна да го продаде Бразилецот доколку некој клуб понуди помеѓу 80 и 90 милиони евра.
Медиумите на Островот тврдат дема премиерлигашите ќе водат голема битка за неговиот потпис на лето. Клубовите од Манчестер, Челзи и Тотенхем покажуваат најсилен интерес, па многу е веројатно Бразилецот да се врати во Премиер лигата.
Кутињо пет години ги бранеше боите на Ливерпул каде ја доживеа фудбалската афирмација со одиграни 152 натпревари и 41 постигнат гол.