Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „листка“ и ќе се ослободат од неколку првотимци.
„Билд“ ја објави ексклузивната вест и тврди дека Баварците на лето ќе се ослободат од дури осум ѕвезди, а меѓу нив е и Филипе Кутињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот ова лето пристигна во Баерн на позајмица од Барселона, но Бавраците нема да ја искористат можноста да го откупат неговиот договор.
На негово место Баерн сака да го донесе германскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Лерој Сане чиј трансфер ќе изнесува околу 100 милиони евра.
Другата голема трансфер мета на Баварците е Каи Хавертц, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен. 20-годишниот талент веќе има 27 гола и 18 асистенции во Бундеслигата и се смета за иднина на германскиот фудбал.
Покрај Кутињо, на излезна врата од „Алијанц Арена“ се Иван Перишиќ, Мануел Ноер, Жером Боатенг, Хави Мартинез, Томас Милер, Давид Алаба и Тиаго Алкантара.
? — Bayern are not satisfied with the performances of Philippe Coutinho and will not buy him permanently from Barcelona. He will return in June. [bild] pic.twitter.com/lUeJB4bkWo
— Barca Universal (@BarcaUniversal) January 21, 2020