По отсуството поради повреда Филип Талески се очекува да биде еден од предводниците на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска.
Македонија ја очекуваат предизвиците во Краков, а Талески посакува успех и потенцира дека не се плашат од никого.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме тешка група, но сигурно нема да се предадеме против никого. Имавме многу време да се подготвиме и мислам дека тоа многу добро го направивме. Првиот натпревар го играме против Норвешка кој е еден од фаворитите за златото, но тоа секако не треба да не плаши.
Мораме да одиме чекор по черок и да се обидеме да направиме некое изненадуѕвање. Станавме репрезентација која игра модерен ракомет, постигнуваме голови, но и треба повеќе да се фокусираме на одбраната“, изјави Талески.
Големи очекувања од Македонија има и селекторот Кирил Лазаров (тука). Првиот натпревар Македонија го игра со Норвешка во петок од 20:30 часот.