Дома Трансфер зона Taлентот на Манчестер Јунајтед оди на позајмица во Германија?

Taлентот на Манчестер Јунајтед оди на позајмица во Германија?

Долго време се веруваше дека Тахит Чонг талентираниот крилен фудбалер на Манчестер Јунајтед во потрага по вистинска минутажа ќе го напушти „Олд Трафорд“.

На почетокот на годината се шпекулираше дека Интер се договорил со Чонг, но потоа во март 20 годишникот потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Чонг ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ до 2022 година, меѓутоа минутажа сепак ќе бара на друго место.

Денес се појавија информации дека претставници на Чонг веќе се во Германија, во Бремен и договораат негов трансфер во редовите на Вердер.

Тимот од Бремен сака да го доведе Чонг на позјамица од една година и многу веројатно во договор нема да биде вклучена опција за откуп.

Оле Гунар Солскјер наводно веќе дал „амин“ за позајмица на Чонг бидејќи младиот Холанѓанец сигурно би имал повеќе простор за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …