Дома Македонски спорт Taсевски: Го осудувам односот на македонските навивачи кон бугарската химна

Taсевски: Го осудувам односот на македонските навивачи кон бугарската химна

Поранешниот репрезентативец на Македонија кој веќе подолго време живее во Бугарија во изјава за бугарскиот „Дспорт“ не криеше дека е разочаран од пречекот на бугарската репрезентација во Скопје.

Тасевски смета дека не е добро тоа што во Скопје се исврикуваше националната химна на Бугарија и додаде дека според него тоа не е став на поголемиот број граѓани во земјата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Присуствував на двата натпревари – и во Скопје и во Разград. Разочаран сум од натпреварот во Скопје. Верувам дека ова не е став на мнозинството граѓани во Македонија. Во Разград немаше таков однос кон македонската химна, се беше нормално во рамките на спортски натпревар“.

„Го осудувам тоа што се случи во Скопје. Се познавам и со двете репрезентации и знам дека не го прифаќаат тоа што се случи. Сигурен сум дека ако наскоро има повторно натпревар вакво нешто нема да се случи. Жално е што како соседни земји место да ги подобруваме односите ние ги влошуваме со постапките“, изјави Тасевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…