Прес-конференциите на Ајакс и Тотенхем пред вечерашниот натпревар беа посебно интересни поради изјавите на двата тренери.
Најпрво тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино се пожали затоа што сите натпревари во холандската лига кои требаа да се одиграат за викендот се одложени со цел играчите на Ајакс по одморни да влезат во првото полуфинале против Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покетино сметаше дека тоа е предност на Ајакс.
„Не барам изговори за евентуален неуспех и никогаш тоа нема да го искористам како изговор, но вистина е тоа дека Ајакс имаше простор за одмор од цела недела во која се подготвуваше само за овој натпревар. Од друга страна ние игравме против Вест Хем. Знам и дека во Ајакс немаа да бидат среќни ако ситуацијата беше обратна.
Праведно ќе беше тимовите да имаа исто време за одмор“, изјави Покетино.
Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг не му остана доложен и му возврати на ваквата изјава.
„Што можам јас да сменам? Едноставно околностите не се секогаш исто. Пример, ние во Холандија за тв права добиваме околу десет милиони евра, додека тимот на
Тотенхем во Англија добива 200 милиони евра. Можам ли јас да кажам дека тука нема правда? Околностите се такви какви што се и сите мораме да ги прифатиме без разлика дали ни се допаѓаат или не“, гласеше изјавата на тренерот на Холанѓаните.