Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бомба од ПСЖ – објавено соопштение за Нејмар!

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бомба од ПСЖ – објавено соопштение за Нејмар!

До крајот на преодниот рок ви пренесуваме се што се случува на трансфер пазарот, следете не и бидете во тек со се што се случува. Денес од утрово веќе имаме неколку потврдени трансфер Кинезите одново „пазарат“ во Европа.

– Официјално: Стефан Ел Шарави го официјализираше трансферот во Шангај Шенуоха. Рома доби 18 милиони евра, а Ел Шарави во овој клуб доби договор на три години според кој ќе добива огромни 15 милиони евра по сезона.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


– Официјално: Трансферот во Кина денес го официјализираше и Марко Арнаутовиќ. Вест Хем од продажбата на Арнаутовиќ ќе добие 25 милиони евра.

– Гризман не се појави на тренингот на Атлетико! (ОВДЕ)

Мино Раиола потврди дека договорот помеѓу Јувентус и Де Лихт е постигнат и останува само да се договорат Јувентус и Ајакс, според него наскоро ќе има договор. (ОВДЕ)

– „Тутоспорт“ објави дека Моис Кин не гледа преспектива во Јувентус и одбил да го продолжи договорот со „старата дама“. Добро упатениот медиум од Торино истакнува дека сега е прашање само дали Кин ќе заврши во Ајакс како дел од трансферот на Де Лихт или пак ќе биде продаден во друг клуб.

– Галатасарај, Монако, Интер, Фенербахче и Лил покажале интерес за играчот кој имаше одлична сезона во дресот на Парма, Жервињо.

– Касиљас се врати на тренинзите, но Порто и понатаму бара нов голман. Португалскиот гигант не е сигурен во можностите на легендарниот Шпанец и покажал интерес за Кевин Трап од ПСЖ.

Марио Манџукиќ многу веројатно ќе го напушти Јувентус, а веќе подолго време фаворит за неговиот потпис е Борусија Дортмунд.

Милинковиќ-Савиќ би можел да биде замената за Погба во Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– Еден од најупатените новинари кога станува збор за Јувентус, Ромео Агрести најавува дека трансферот на Де Лихт наскоро ќе биде потврден.

Ерера кој пред неколку дена го официјализираше трансферот во Пари Сен Жермен како слободен играч порача дека луѓето во Јунајтед доцна започнале да преговарат за тој да го продолжи договорот. (ОВДЕ)

– „Мирор“ пренесува дека Давид Де Геа ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ќе заработува 350.000 фунти неделно.

– Тотенхем е посебно активен во овој преоден рок, па откако го купи Тангу Ндомбеле сега наводно „петлите“ покажале интерес за одличниот млад фудбалер на Рома, Николо Заниоло. (OВДЕ)

– Ливерпул ја добил трката за Харви Елиот, еден од најталентираните фудбалери во Англија! (ОВДЕ)

– ПРЕГЛЕДИ ВО РИМ! Шпанскиот голман Пау Лопез пристигна во Рим каде што ги минува лекарските прегледи после што ќе потпише договор со Рома. Лопез доаѓа од Бетис и се очекува Рома за него плати 30 милиони евра.

Мануел Ноер сака да го напушти Баерн за да ја освои Лигата на шампионите! (ОВДЕ)

Раде Круниќ се уште не е официјално фудбалер на Милан, но Босанецот веќе неколку дена тренира во тренинг центарот во Милано. „Калчомеркато“ пренесува дека се појавиле одредени проблеми со документацијата. Сепак, наскоро се очекува Милан и Емполи да ги решат проблемите.

– Баерн Минхен денес го претстави Лукас Ернандез.

– Претставување има во Мадрид! Атлетико го претставува засилувањето вредно 126 милиони евра – Жоао Феликс! (ОВДЕ)

 

– Дел од шпанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на големо преговараат за Пол Погба. Наводно, Реал понудил 80 милиони евра, плус Герет Бејл. Перез не сака да потроши повеќе од 150 милиони евра на Французинот.

– Додека се во тек преговорите со Ајакс за Де Лихт Јувентус утре ќе ги заврши медицинските прегледи со Кристијан Ромеро кој потоа ќе биде испрате на позајмица. Кога е Де Лихт во прашање последната информација е дека Јувентус нуди 65, плус 10 како бонус, додека Ајакс бара фиксни 75.

– Вест Хем откако го продаде Арнаутовиќ се согласил да ја плати клазулата од 50 милиони евра за Макси Гомез! (ОВДЕ)

– „РМЦ Спорт“ пренесува дека дека Евертон испратил понуда од 35 милиони евра за Малком.

– Анчелоти смета дека со Хамес Наполи сериозно ќе се бори за титулата во Серија А (ОВДЕ)

– Шпанците: Трансферот на Себаљос во Тотенхем е завршена работа! (ОВДЕ)

Душан Тадиќ наводно е на радарот на Баерн и Милан.

Сами Кедира е на излезни врати од Јувентус, а наредната дестинација на овој искусен Германец веројатно ќе биде МЛС лигата.

– „Скај Спорт“: Јури Тилеманс ги прифатил условите кои му ги нуди Лестер! (ОВДЕ)

– Холандските медиуми објавија дека Де Лихт денес одработил тренинг со Ајакс и се однесувал сосема нормално.

– Официјално: Еве ја и официјалната потврда за најавата на „Скај“ – Лестер го откупи Тилеманс!

– Официјално: После веста дека Милан и Баерн се интересираат за Душан Тадиќ од Амстердам пристигна изненадување. Тадиќ потпиша нов договор со Ајакс со важност до 2023 година (до 35 години) ! Но, на состанокот била договорена можност да остане до 2026 година во некоја друга улога. Ваков договор досега не сме виделе во светот на фудбалот. (ОВДЕ)

– Официјално: Бен Дејвис и Хари Винкс ги продолжија договорите со Тотенхем до 2024 година.

– Француски „РМЦ Спорт“ објави дека Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен ја разгледуваат можноста да се обидат да го доведат Бакајоко.

– БОМБА ОД ПАРИЗ! ПСЖ објави дека Нејмар без најава не се појавил на припремите! (ОВДЕ)

– Официјално: Пристигна официјалната потврда која се чекаше неколку дена, Раде Круниќ е нов фудбалер на Милан! (ОВДЕ)

Бејл добил понуда од 30 милиони евра по сезона! (ОВДЕ)

– Интер е на добар пат да го договори Николо Барела од Каљари, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миралем Пјаниќ има нов клуб

Поранешниот босански репрезентативец и фудбалер на некои од најголемите европски клуови, М…