Дома Трансфер зона Ливерпул ја доби трката за најмладиот дебитант во Премиер лигата!

Ливерпул ја доби трката за најмладиот дебитант во Премиер лигата!

Ливерпул успеа да ја победи големата конкуренција и да го обезбеди потписот на талентираниот фудбалер на Фулам, Харви Елиот, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид и Пари Сент Жермен исто така беа заинтересирани за напаѓачот, но тој преферираше да остане во Англија.

16-годишниот Елиот е најмладиот играч кој играл во професионален натпревар во Англија откако дебитираше за Фулам против Милвол за Лига Купот на возраст од 15 години и 174 дена во септември минатата година.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, претходно се избори со Баерн Минхен за потписот на 17-годишниот Холанѓанец Сеп ван ден Берг, па ова ќе биде второ засилување за иднината.

Ливерпул најпрво ќе го донесе играчот со договор за стипендија, а кога ќе наполни 17 години ќе може да му го понуди и првиот професионален договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…