Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Шаќири на прегледи, стартува операцијата „Нејмар“, Бејл на разговор…

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Шаќири на прегледи, стартува операцијата „Нејмар“, Бејл на разговор…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.

– Денес денот започна со веста дека играчот од средниот ред на Стоук, Џердан Шаќири во текот на денешниот ден ќе пристигне на медицински прегледи во Ливерпул. (ОВДЕ)

– Според некои информации на шпанските медиуми, Реал Мадрид би можел да се обиде да го врати Хамес Родригез кој не добиваше шанса кај Зидан, но сега кога е Лопатеги менаџер ситуацијата би можела да се промени. (ОВДЕ)

– Официјално: Челзи го отпушти Конте (ОВДЕ)

– Герет Бејл кој се поврзува со Манчестер Јунајтед во наредните неколку денови ќе разговара со Јулијен Лопатеги, по што неговата иднина би треба требало да биде многу појасна.

– Oфицијално: Напаѓачот Едер го напушти Интер и се пресели во редовите на кинескиот Џинагсу Сунинг.

– Официјално: Саутемптон го доведе фудбалерот на Борусија Менхенгладбах Јаник Вестергард за сума од 18 милиони фунти.

– Баерн Минхен добил понуда во износ од 35 милиони евра за услугите на стоперот Жером Боатег од тимот на Пари Сен Жермен.

– Фудбалерот на Лацио, Бразилецот Фелипе Андерсон во текот на денешниот ден би требало да пристигне на медицински прегледи во Вест Хем и да го комплетира трансферот вреден 35 милиони фунти.

– Експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио пренесува дека стретегот на Наполи, Карло Анчелоти покажал интерес за фудбалерот на Баерн Минхен, Хави Мартинез.

– Тимот на Барселона кој веќе подолго време покажува интерес за Вилијан, наводно ја разгледува можноста да тргне и во офанзива на неговиот соиграч од Челзи, Н’Голо Канте.

– Официјално: Каљари го доведе младиот напаѓач на Јувентус, Алберто Чери, кој во овој клуб ќе настапува како позајмен фудбалер.

– Jувентус откако веќе го комплетираше трансферот на Кристиано Роналдо би можел да направи вистински дрим тим. „Старата дама“ во дел англиските и италијанските медиуми со поврзува со Пол Погба, Диего Годин и Марсело.

– Според последните информации од Италија, Милан нема да го продава Леонардо Бонучи, доколку фудбалерот нема намера да да замине. (ОВДЕ)

– ЗАПОЧНУВА ОПЕРАЦИЈАТА НЕЈМАР: Според некои извори Реал Мадрид го испратил својот главен оперативец на преговори во Сао Паоло! (ОВДЕ) 

– Хрватскиот репрезентативец и член на Бешикташ, Домагој Вида добил понуда богата понуда од Англија. (ОВДЕ)

– После веста за Нејмар се појавува уште една сензационална и тоа повторно поврзана со Реал Мадрид, наводно „кралевите“ спремаат понуда од 150 милиони евра за Еден Азар. (ОВДЕ)

– Јувентус наводно бара начин и ќе се обиде на одложено плаќање да го обезбеди и потписот на Сергеј Милинковиќ Савиќ, но после трансферот на Роналдо навистина е тешко да се поверува во вакво нешто. Сепак, времето ќе покаже дали се работи за медиумска шпекулација или е нешто сериозно. (ОВДЕ)

– Барселона денес во просториите на клубот го претстави новото засилување во одбраната, стоперот Клемент Ленглет.

– Младиот фудбалер на Милан, Локатели се очекува кариерата да ја продоложи во редовите на Сасуоло (ОВДЕ)

– Како одговор на Јувентус, екипата на Наполи во овој преоден рок би можела да се обиде да го доведе Едисон Кавани (ОВДЕ)

– Тимот на Челзи би можел да се обиде да го доведе Шпанецот од редовите на Милан, Сусо (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…