Како што пренесува „Скај Италија“ Милан и Сасуоло се блиску до договор за трансфер на големиот талент Мануел Локатели.
20-годишниот Локатели блесна пред две сезони и се етаблираше како еден од најголемите таленти на Апенините, но минатата сезона со доаѓањето на Биглија добиваше помала минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа сам побарал да ја промени средината, а Милан и Сасуоло се блиску до договор за трансфер од 12 милиони евра.
Сепак, „росонерите“ во договорот ќе вметнат клаузула со која што ќе можат да го вратат играчот за врска во следните три години за одредена сума.
„Скај Италија“ тврди дека во моментов се договарата последните детали и дека трансферот е само прашање на време.