Дома Фудбал Англија Шакири денеска на медицински прегледи – ќе го оствари трансферот од соништата

Шакири денеска на медицински прегледи – ќе го оствари трансферот од соништата

Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шакири денеска ќе пристигне на медицински прегледи во новиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шакири, кој одигра добро Светско првенство во Русија, го привлече вниманието на големите клубови.

Ливерпул стапи во контакт со Стоук и постигнале договор за трансфер кој изнесува 13.75 милиони фунти, пренесува Ливерпул Ехо.

Шакири ќе ја засили офанзивната линија на Ливерпул, а се очекува на Енфилд да пристигне уште денеска, каде прво ќе ги помине медицинските прегледи.

Потоа, тој би требало да стане третото овосезонско засилување за Ливерпул откако претходно пристигнаа Наби Кеита од Лајпциг за 60 милиони фунти и Фабињо од Монако за 10 милиони помалку.

Да потсетиме, Шакири зад себе има добра сезона во дресот на Стоук бидејќи на 36 одиграни натпревари во ПЛ постигна осум голови и седум асистенции. За него покрај Ливерпул се интересираше и Лацио, но сепак Клоп на крајот ја доби оваа битка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потрагата на Мурињо по „новиот Модриќ“: Се подготвува „чистка“ во Реал Мадрид

Жозе Мурињо ќе ја добие својата втора шанса во Реал Мадрид. За разлика од Карло Анчелоти и…