Дома Топ вести Започнува мега операцијата „Нејмар“: Преговори во Бразил и договор каков што никој нема!

Започнува мега операцијата „Нејмар“: Преговори во Бразил и договор каков што никој нема!

neymar

Главниот оперативец на Перез отпатувал на преговори, Реал Мадрид ја започнува операцијата „Нејмар“!

Најновата вест поврзана со Реал Мадрид и Нејмар е дека човекот кој важи за главен оперативец на Перез, Жуни Калафат отпатува за Сао Паоло каде што би требало да се сретне со Нејмар и неговиот менаџерски тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калафат со себе го носи најдобриот договор во фудбалот!

Реал Мадрид преку Калафат на Нејмар наводно му нуди договор според кој Бразилецот би заработувал 49 милиои евра по сезона! Со таквиот договор Нејмар би станал најплатениот фудбалер. Во овој момент лидер е Меси со 46 милиони евра годишно, во ПСЖ Нејмар добива 36, а Роналдо во Јувентус 30.

Оваа понуда сигурно нема да го остави Нејмар рамнодушен, посебно не неговиот татко, кој сигурно ќе сака одново преку својот син да оствари огромен профит.

Веќе од поодамна е познато дека претседателот на Реал Мадрид, Перез е „вљубен“ во Нејмар и после заминувањето на Роналдо се отвори место Бразилецот да биде прва ѕвезда во таборот на „кралевите“ што и тоа како би му одговарало.

Перез во Нејмар гледа играч кој наскоро би можел да биде и најдобар во светот, покрај тоа и маркетиншки трансферот би поминал перфектно, па спремен е да ги руши сите граници и да му понуди договор каков што немало во фудбалот.

Да потсетиме, Роналдо во Реал добиваше 24 милиони евра годишно, сега најплатен е Бејл со 20, што значи вкупно 40 милиони евра. Роналдо веќе замина, а такво судбина според голем број медиуми го чека и Бејл и – ете го просторот за астрономската плата на Бразилецот.

Се има логика и не изгледа така невозможно, па останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…