Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.
– Рафиња и Тиаго Алкантара повторно би можеле да играат заедно и тоа во тимот на Баерн Минхен, Анчелоти е спремен да го доведе Рафиња во случај Ренато Санчез да го напушти клубот. (ОВДЕ)
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
– Арсен Венгер не сака да го продаде Алекс Окслејд Чемберлејн на Ливерпул. Наводно, Французинот смета дека на Арсенал многу повеќе му одговара англискиот репрезентативец да заврши во редовите на Челзи кој нуди 50 милиони евра. (ОВДЕ)
– Како што пренесуваат англиските медиуми, Алексис Санчез, му соопштил на Арсенал дека потпис за нов договор, „топџиите“ би требало да издвојат 400.000 фунти неделно. До овој момент Арсенал, на Чилеанецот му понуди договор според кој тој би заработувал 300.000 фунти неделно.(ОВДЕ)
– Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ, наводно преговара со четири клубови од Премиер лигата. Во прашање се: Ливерпул, Лестер, Стоук и ВБА.
– Од Шалке потврдуваат дека Јувентус покажал сериозен интерес за Бенедик Ховедес, но тие порачаа дека италијанскиот гигант доколку го сака Ховедес ќе мора да издвои 15 милиони евра. Од германскиот клуб не се заинтересирани за никакви позајмици.
– Интер најавува последен напад на Кеита Балде, „нероаѕурите“ се спремни да понудата 30 милиони евра.
– „Каталонски Спорт“ утрово пренесува дека во Ливерпул се откажале од Фелипе Кутињо, дали навистина е така останува да видиме во последните денови од преодниот рок, Барселона на располагање има само уште четири дена.
– Eвертон изгледа дека не го затворил преондиот рок, „карамелите“ се спремни во финишот од преодниот рок да го доведат фудбалерот на Хајдук, Никола Власиќ и за неговите услуги се спремни да понудат 7.5 милиони евра.
– Македонската фудбалска икона би можела, Горан Пандев, би можел да заврши во редовите на Партизан кој после пласманот во Лигата на Европа ќе се обиде да го засили тимот во последните денови од преодниот рок. (ОВДЕ
– Последниот фудбалер кој се поврзува со трансфер во редовите на Монако како замена за Килијан Мбапе, е Ислам Слимани. Слимани минатото лето пристигна во Лестер за сума од 30 милиони евра. (ОВДЕ)