Дома Трансфер зона Замената за Мбапе доаѓа од Премиер лигата?

Замената за Мбапе доаѓа од Премиер лигата?

Замената за Килијан Мбапе во редовите на Монако би можела да пристигне од Премиер лигата.

Се работи, за Ислам Слимани, 29 годишниот фудбалер кој пристигна во Лестер минатото лето за сума од 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Слимани со оваа сума е рекордно засилување за „лисиците“, а сега би можел да биде и замена за фантастичниот Килијан Мбапе кој се очекува во наредните 72 часа да стане дел од ПСЖ.

Објективно, тој не се снајде на „Кинг Пауер“  и од неговото доаѓање од лисабонски Спортинг постигна само седум погодоци, а во новата сезоната забележа два настапи во Премиер лигата и постигна два погодоци во Лига купот против Шефилд.

Токму поради тоа промена на средината веројатно би им одговарала на сите три страни, а останува да видиме дали Леонардо Жардим ќе го разбуди голгетерскиот инстикт на Слимани, секако во случај тој да се пресели во Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…