Заврши сагата со Гризман, заврши сагата со Де Лихт, а до крајот на преодниот рок изгледа најмногу ќе се пишува за Нејмар. Бидете во тек и следете се што се случува на трансфер пазарот.
– ОФИЦИЈАЛНО: Откако вчера ги помина леркарските прегледи, Јувентус објави дека Де Лихт потпишал договор. (ОВДЕ)
? LIGHTS ? | Matthijs de Ligt è ufficialmente bianconero! https://t.co/vqrukMxB9I ⚪⚫#TURNDELIGTON #LiveAhead pic.twitter.com/a7L41UQ7li
— JuventusFC (@juventusfc) July 18, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– ЗАПОЧНУВА АУКЦИЈА! Лотито повеќе не му брани на Савиќ да замине! (ОВДЕ)
– Готово: Марио Хермосо ги помина лекарските прегледи со Атлетико Мадрид. Еспањол ќе добие 40 милиони евра.
– Милан преговара со Де Рон од Аталанта и Мемфис Депај! (ОВДЕ)
– Официјално: ПСЖ го продаде Кристорфе Нкунку на Лајпциг по формула 13+2 милиони евра.
– Од утрово на големо се пишува за состанокот на таткото на Нејмар кој ќе го има со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи (ОВДЕ).
– „Л“Екип“ објави дека Лил добил три официјални понуди за Николас Пепе во износ од 80 милиони евра од Интер, Арсенал и Ливерпул. На Пепе останува да избере (ОВДЕ)
– Заниоло е спремен дресот на Рома да го замени со Тотехем, а познатиот италијански новинар, Алфредо Педула тврди дека во оваа зделка ќе биде вклучен Тоби Алдервилд.
– Набил Фекир има постигнато договор со Бетис и се чека само шпанскиот клуб да го продаде Џовани Ло Селсо за работата да биде завршена. Фекир се согласил да потпише договор на пет години.
Accord Real Betis – Fekir ! Contrat de 5 ans et 22-25M€ pour Lyon. Signature après le départ de Lo Celso. #RealBetis #Sevilla pic.twitter.com/qZNwRFO0GY
— Romain Collet-Gaudin (@RomainCG75) July 18, 2019
– Еве информација и за Елмас од Италија! Лекарските прегледи на македонскиот фудбалер според голем број извори од Неапол се закажани за во сабота. Елмас како што е познато со овој трансфер ќе стане најскапиот македонски фудбалае (16-18 милиони евра).
– Клоп најави дека Ливерпул нема да троши: Не сме ние Манчестер Сити и ПСЖ! (ОВДЕ)
– Лампард за Калум Хадсон Одои: Разговоравме, тој ги знае моите планови и знае дека сакам да биде клучна фигура во иднина.
– Прва изјава на Де Лихт како фудбалер на Јувентус: Секогаш сум бил фасциниран од италијанската уметност во одбраната. Многу од играчите со кои растев и беа мои пример се Италијанци: Малдини, Барези, Неста, Канаваро, Ширеа…Можам уште многу да набројувам. Се вљубови во играта во одбрана на италијанските клубови.
– Роналдињо се враќа и после четири години повторно ќе игра фудбал! (ОВДЕ)
– „Парисиен“ пишува надополнување на веста за Нејмар. Бразилецот се врати на тренинзите, но тоа не значи дека ќе остане во ПСЖ, наводно тој сака работата да биде завршена во следните две-три недели.
– Несторовски три години во Удинезе! (ОВДЕ)
– Официјално: Марио Хермосо е деветтото засилување за Атлетико Мадрид во овој преоден рок! (ОВДЕ)
– Лестер му поставил ултиматум на Манчестер Јунајтед за Мегваер! (ОВДЕ)
– Тренерот на Лион за Фекир: Знам дека го сакаат повеќе клубови и дека води преговори, најдобро е за сите работата да се заврши што побрзи. Ќе потсетиме, фаворит за неговиот потпис е Бетис клуб со кој наводно Фекир постигнал договор.
– Ајакс со фантастично видео го испрати Де Лихт: Златно чао за капитенот. (ВИДЕО)
– Перез нема да преговара и постави цена за Хамес Родригез – 50 милиони евра! Ако Атлетико навистина сака тој да биде нивното десетто засилување ова лето ќе мора да ја плати таа сума.
– Баерн би можел да ја активира откупната клазула за Брајс Мендес од Селта, таа изнесува 25 милиони евра (ОВДЕ)
– Ако Сане сака да си замине, слободно може да оди – потврди Гвардиола! (ОВДЕ)
– Едисон Кавани е нова опција за Интер! (ОВДЕ)
– Матија Перин пристигна во Лисабон каде што ќе стави потпис на договор со Бенфика, ова се очекуваше откако Буфон се врати во Јувентус.
– Покетино верува дека Ериксен ќе остане во неговиот тим и наредната сезона. (ОВДЕ)
– БОМБА: Барселона испрати нова понуда за Нејмар, ПСЖ спремен да ја прифати (ОВДЕ).
-Готово: Дани Себаљос го избра Арсенал и во наредните денови ќе се пресели на „Емирати“ (ОВДЕ).