Дома Трансфер зона Бобан и Малдини најдоброто го оставиле за крај: Милан добива две одлични засилувања?

Бобан и Малдини најдоброто го оставиле за крај: Милан добива две одлични засилувања?

Изгледа дека Звонимир Бобан и Паоло Малдини во финишот од преодениот рок имаат намера да ги израдуваат навивачите на Милан.

Во досегашниот дел од преодниот рок Милан ги ангажираше Тео Ернандез и Раде Круниќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, новата управа на Милан на големо преговара со Мемфис Депај и Мартин Де Рон, двајцата Холанѓани имаат ист агент.

Додека Депај игра во офанзивниот дел на тимот, Де Рон најдобро се снаоѓа во средината на теренот, на позицијата централен играч за врска. Во овој момент овој 28 годишен фудбалер е член на Аталанта која минатата сезона се избори за пласман во Лигата на шампионите. Де Рон привлече внимание на повеќе клубови, а Милан е најголем фаворит.

Јасно е дека и за едниот и за другиот Милан ќе треба да издвои поголема сума, но тие би биле играчи кои сигурно би ги израдувале навивачите.

Милан во наредната сезона ќе има за цел конечно клубот да се врати во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …